Враќање

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз
основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

Доколку Купувачот се определи за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање.

Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на Сааф Ком Дооел Скопје, Купувачот добива е-маил порака или СМС со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна.

Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во продавница на Сааф Ком Дооел Скопје или на saaf.service@gmail.com. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за
извршена трансакција.

На сите кориснички рекламации и поплаки, Сааф Ком Дооел Скопје ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на Купувачот гарантира
Халк Банка АД Скопје. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.

Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на Купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Сааф Ком Дооел Скопје не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка.

Сааф Ком Дооел Скопје по ниту еден основ не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на Купувачот за време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.

 

X