Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката - (првата врата, дворна врата од куќа, влезна врата од зграда). При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не наведено во порачката но го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.
При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг на некој дел доколку производот е составен од повеќе делови. Доколку се констатира некој од предходно наведените недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација. Пред испорака на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран за часот и денот на испорака.
Испорака на производите ќе се прави на целата територија на Р. Македонија. Испорака на производи надвор од територијата на Р. Македонија не правиме. Испорака се прави само до населени места кои се поврзани со асфалтирана патна мрежа.
Времето на испорака во Скопје и низ другите градови во Р. Македонија изнесува 96 часа (4 работни дена) од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 16 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови. СААФ КОМ ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 5 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.
Доколку има доцнење на испораката СААФ КОМ ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката. Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, СААФ КОМ ДООЕЛ се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.