Сааф Ком Дооел во сегашната форма постои од март 2003 година. Имено,
сервисниот тим на Сааф Ком Дооел својата дејност ја врши уште од 1990
година под закрилата на Елмонт инженеринг кога главно се занимаваше со
вршење на сервисни услуги од областа на електро-техниниката.

Со текот на времето, бројот на клиентите корисници на персонални
компјутери и лаптопи кои ги користеа нашите услуги рапидно се
зголемуваше. Со цел да одговориме на нивните потреби и барања, одлучивме
нашите активности да ги приспособиме кон нивините потреби.

Од чекорите што беа преземени беше проширување и дообучување на
сервисниот тим, осовременување на сервисната опрема, приспособување на
постоечките простории, снабдување на возила.

Исто така Сааф Ком Дооел има свој мобилен компјутерски сервис кој
оперира на територија на град Скопје и околината. Овој тим беше формиран
од причината што се зголеми бројот на правните лица, меѓу кои има државни
институции, фирми, интернет клубови итн. каде поради природата на
дејноста на истите треба експресно да се интервенира при појава на било
каков проблем. Исто така не треба да се занемари ни бројот на домашните
корисници кои одлучуваат нашите услуги да ги користат на лице место. Од
сервисните услуги што ги нудиме би го извоиле следново:

  • Отстранување на софтверски и хардверски проблеми
  • Сочувување (бекап) на податоци и враќање на загубени податоци
    (гарантираме заштита на приватноста на податоците на комитентите)
  • Поставување на компјутерските системи во мрежа и одржување на
    истата
  • Теренска работа овозможена преку мобилниот компјутерски сервис
  • Сервис на преносни компјутери-лаптопи, кој се врши во нашето
    специјализирано одделение за лаптопи, кое благодарение на својата
    современа опременост и стручен кадар успешно се справува со разни
    комплексни проблеми.

Сааф Ком Дооел во своите услуги ја вклучи и продажбата на компјутерска
опрема, галантерија а најбитно резервни делови за сите модели на лаптопи
која е тесно поврзана со сервисиот. Во нашата понуда имаме широка палета
на производи со совршен баланс на цената и квалитетот.

Се надеваме дека наскоро и вие ќе ни ја укажете честа да ја збогатите истата.