Сааф Ком Дооел Скопје се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата на Сааф Ком Дооел Скопје и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија.

Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Сааф Ком Дооел Скопје www.saaf.mk, се наведени во Политиката за приватност (link до документот), која исто така е објавена на веб страницата на Сааф Ком Дооел Скопје,www.saaf.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн купување и како тие се користат.
При посетата на web страницата, Сааф Ком Дооел Скопје не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на Сааф Ком Дооел Скопје.

Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Сааф Ком Дооел Скопје, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на Сааф Ком Дооел Скопје. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб
страницатa на Сааф Ком Дооел Скопје.
Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни или контролорите кои ги управуваат таквите веб страни. Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб порталот www.saaf.mk се една од приоритетните задачи на нашата компанија.
Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Доколку од Ваша страна е направена регистрација или посета на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат единствено за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
СААФ КОМ ДООЕЛ го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки. Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во
форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, СААФ КОМ ДООЕЛ  ќе ги
користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.

Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани.

Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни
интернет-реклами.

Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг
соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.

[matomo_opt_out]